Tuesday, October 25, 2011

TreVir - Трезорско плаќање

Програмата TREVIR овозможува плаќање преку Трезорот на Р.Македонија. Возможно е плаќање со следните типови на налози за пренос:

60, 70, 76, 90, 91, 92, 93, 94.



Податоците за плаќање се внесуваат во налозите на ист начин како што се внесуваат рачно. Потоа корисникот ги одбира налозите кои се пуштаат дента и се формира фајл во пропишаниот формат, кој после се испраќа во Трезорот.

Базата ги чува жиро сметките на добавувачите, со што се намалува можноста за внесување погрешни жиро сметки.

Правното лице кое ја врши уплатата, може тоа да го направи од една од повеќето сопствени сметки.


Програмата е двојазична: корисникот може да одбере дали ќе работи на македонски или албански јазик.

Програмата работи под сите верзии на оперативниот систем Windows.

Цената на програмата е 9.975 денари, со вклучен ДДВ.

No comments:

Post a Comment